Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2025 година.
Корисниците на парични права кои имаат дебитна картичка од денеска ќе можат да подигнат готовина на банкоматите и да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
-За да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа - на 06.10.2025: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ и на 07.10.2025: М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш, информира Министереството.
МИА
Ново на Сител
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември
-
Светска банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,1% годинава