Почна гласањето во Охрид, Струга, Дебрца, изборниот процес се одвива непречено
Сите 89 избирачки места во Општина Охрид се отворени навремено и гласањето на 10-тите парламентарни избори се одвива непречено. На предвремените избори право на глас имаат 52.510 граѓани на Охрид вклучувајќи ги и нашите иселеници, со тоа што тие ќе можат да гласаат само доколку лично се појават на гласачкото место каде се впишани.
Што се однесува на специфичните условите под кои се спроведуваат овие избори поради епидемијата на коронавирусот, заради поголема безбедност на гласачите 20 избирачки места се префрлени на други локации бидејќи претходните не ги исполнуваа предвидените услови. На старите места се поставени известувања за новите локации каде ќе можат гласачите да го дадат својот глас.
Изборниот процес почна да се реализира и на територијата на Општина Дебрца, каде се евидентирани 4.422 гласачи кои ќе гласаат на 28 избирачки места. Таму нема промени на локациите на гласачките места.
Гласачките места беа навреме отворени и на територијата на Општина Струга, каде на 101 избирачкo местo ќе можат да гласаат вкупно евидентирани 60.810 лица со право на глас. Промени на локација во Струга има само на две избирачки места.
Инаку, поради новонастанатата ситуација со епидемијата на КОВИД-19, за прв пат гласачкиот процес наместо 12 ќе трае 14 часа, гласањето ќе се одвива од 7 часот наутро до 21 часот вечерва.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии