Почна фестивалот на виното „Вино скоп 2015“
Кај спортската сала „Борис Трајковски“ синоќа е отворен 9. Фестивал на виното „Вино скоп 2015“ кој ќе трае до 4 октомври.
За време на фестивалот посетителите ќе уживаат во вината од над 20 македонски винарници, а ќе можат да пробаат и вински коктели како сангрија и вино мохито. Покрај виното, ќе може да се вкусат и македонските деликатеси како кашкавал, сирења, скара и сувомеснати производи. За првпат годинава има и веган штанд.
На фестивалот се присутни винарниците Тиквеш, Картал, Стоби, Повардарие, Визба Валандово, Лозар, Дудин, Бовин, Сковин, Пивка, Шате Сопот, Далвина, Камник и Винотека Темов.
Фестивалот го отвориди џеј Тина, а по неа следуваа Chill Play, Eye Cue, Тајзи и гостите Бојан Маровиќ и Дејан Цукиќ-Цуки.
Плаќањето на „Вино Скоп“ се врши со бонови, кои може да се купат на влезовите на фестивалот.
На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
За реализација на фестивалот, Град Скопје одвои 500.000 денари од буџетот. Фестивалот традиционално го организира „Темов“.
Ново на Сител
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор