Македонија
14. October 2025 - 12:05

По седум месеци лекување утрово почина Панчо од ДНК

По повеќемесечно болничко лекување од повредите здобиени во пожарот во дискотеката Пулс, денеска почина Владимир Блажев – Панчо. Информацијата ја потврди Јавното обвинителство од каде најавиа дека ќе побараат обдукција за починатиот.

Панчо е деветтиот член на групата ДНК кој го изгуби животот. Тој е 63 жртва на страотниот пожар. Животот го загубија и пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо. 

По несреќата, со истрагата на обвинителството беше опфатен и Панчо поради сомнеж дека недозволено во објектот користел пиротехника, но за него постапката беше времено прекината бидејќи се наоѓаше на болничко лекување..