Пијани влегле во ресторан и се претставувале како инспектори од УБК, па извадиле пиштоли
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 68-годишниот М.Ј. и 28-годишниот Д.С. , двајцата од село Старо Село-општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали“.
На 10.04.2017 година околу 2 часот по полноќ во угостителски објект без фирма во село Копанце-тетовско, сопственост на С.Т., пријавените под дејство на алкохол, претставувајќи се како инспектори на УБК Скопје, се обиделе да ги легитимираат гостите во објектот, по што извадиле огнено оружје.
Пo интервенција на полициски службеници, при извршен преглед кај првопријавениот бил пронајден револвер марка „Застава” и шест куршуми, а кај второпријавениот пиштол марка „Маусер“ со празна рамка и осум испукани чаури калибар 9 милиметри.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација