Петмина осомничени за грабнување кај наплатната рампа Глумово
Против пет лица од Скопје јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „грабнување“ од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Обвинителството, осомничените на возраст од 32, 36, 27, 34 и 30 години, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на едно лице со намера да го присилат сопствениот автомобил „Масерати“ да го префрли на име на еден од осомничените.
– На 8 септември околу 22 часот, на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај село Глумово, по насоки на првоосомничениот и петтоосомничената, останатите тројца осомничени лица му го пресекле патот на оштетениот со возило „Ауди А3“ и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и клоци по целото тело. Насилно го внеле оштетениот во неговиот автомобил и го однеле на автоплац во селото Кондово во сопственост на првоосомничениот. Кога стигнале на плацот четворицата, во присуство на петтата осомничена, продолжиле физички да го малтретираат оштетениот, удирајќи го со тупаници, клоци и со каиш. Поради наводен долг од 20.000 евра тие го натерале оштетениот да влезе на совозачко седиште во автомобил „БМВ Х5“ и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово каде го присилиле да направи договор со кој неговиот автомобил „Масерати“ го префрлил на име на првоосомничениот, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Двајца од осомничените се лишени од слобода и за нив е поднесен предлог за определување мерка притвор поради постоење на законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, како и можност да го повторат делото. По останатите тројца осомничени се уште се трага и по нивното лишување од слобода надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави соодветни предлози за мерки со кои ќе се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот