Македонија
18. November 2025 - 20:19

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила средба со сопругата и ќерката на уметникот Глигор Чемерски, придружени од кураторот д-р Кирил Пенушлиски.

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, членовите на неговото семејство изразиле загриженост за состојбата во којашто се наоѓаат делата на великанот Чемерски и ја потенцирале потребата од нивна реставрација и презервација, по примерот на успешно обновениот Споменик на слободата во Кочани.

-Претседателката сподели искрена желба да придонесе во заштитата на делата на Чемерски, укажувајќи дека некои од нив ја красат свечената сала и претседателскиот кабинет. Таа го поддржува проектот „Топла земја: Монументалното творештво на Глигор Чемерски“, којшто цели темелно да го истражи, документира и претстави неговото творештво, со фокус на мозаиците, фреските и големите композиции што го обликуваат македонскиот визуелен идентитет, стои во соопштението од Кабинетот на претседателката. 

МИА