Доделени клучеви за вселување во типските куќи во Штип
Предадени клучевите на првите семејства кои ќе се вселат во типските куќи во штипската населба „Света Недела“. Ова е еден од најголемите проекти за социјално домување на општината во последните неколку години, со кој 41 семејство од ранливите категории ќе добие „кров над глава“.
Ромските семејства кои со години живееле во дотраени, руинирани или импровизирани објекти, конечно добиваат можност за стабилен и безбеден дом. Новите куќи се со стандардизирана градба и обезбедена основна инфраструктура, што значи подобри услови, помал ризик за здравјето и повеќе шанси за нормално секојдневие. Со преселбата ќе се растоварат и неколку атрактивни локации во градот кои со години биле пренатрупани со импровизирани објекти, што ќе овозможи урбанистичко уредување.
- Во исто време овозможуваме и иден развој на нашиот град, во оние зони кои повеќе од 15 години беа за времено домување на овие 41 семејство, така што во периодот кој што следи ќе се изврши урбанизација на локациите кои ќе бидат исчистени од рунираните објекти, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип
Семејствата што влегуваат мора да имаат начин да плаќаат трошоци за комунални услуги за куќите да останат функционални, зашто во спротивно животните услови може да деградираат.Проектот се реализираше со поддршка од Европската унија и локалниот буџет и за оваа намена се издвоени 600.000 евра.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
