-->
-->
Петков: Бугарија ќе продолжи да работи со Албанија и Северна Македонија за европската иднина
-->
Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека Бугарија и Северна Македонија го потпишале билатералниот протокол со кој се договориле за конкретните чекори за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, јави дописникот на МИА од Софија.
-Ова е крај на еден тежок процес, на кој работеа владите на двете земји и покрај безбројните внатрешни и надворешни пречки, напиша Петков.
Тој додава дека Бугарија заедно со другите земји од ЕУ, ќе продолжи да работи со своите соседи од Албанија и Северна Македонија со цел заедно да го реализираат сонот за европска иднина на регионот на Западен Балкан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истрага за насилство од 19-годишник во Кисела Вода
-
Лавров: Мировниот договор за Украина сè уште треба да се „дотерува“
-
МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје
-
Зеленски: Русите се обидуваат да ги искористат воздушните напади како параван за копнени напади
-
Мисијата КФОР е проширена со војници од Белгија, Луксембург и Холандија
-
Трамп: Подготвеноста на Русија да не ја освои целосно Украина е „многу голема отстапка“ од Москва
-
За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, во Собранието нема нова распределба на пратеници
-
Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во официјална посета на земјава