Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
Самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, Москва тргнува од претпоставката дека лидерите прво ќе имаат приватен разговор.
– Сега се чини дека на него ќе учествуваат и помошници. Потоа ќе има преговори во рамките на делегациите, евентуално во формат на работен ручек. Потоа лидерите ќе се разотидат некое време, а потоа ќе се соберат на заедничка прес-конференција. Па, генерално, може да се замисли дека, се разбира, ќе бидат потрошени најмалку 6-7 часа за ова – рече Песков.
Како што додаде, руската страна очекува средбата меѓу Путин и Трамп во Алјаска да заврши продуктивно.
– Американскиот претседател Доналд Трамп лично ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин откако неговиот авион ќе слета во Алјаска – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
МИА
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен на 15 октомври во Скопје
-
Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока
-
Засилување на вакцинацијата со МРП за да не дојде до епидемија – синхронизација на 12 закони во здравството
-
Преглед на вестите од светот
-
Се санираат штетите од вчерашниот дефект во Влае кој го остави Скопје без вода
-
СДСМ денеска во Илинден, Петровец, Карпош и Центар
-
ВМРО ДПМНЕ денеска во Македонски Брод и Кичево
-
Османи најавува проекти за развој на спортот во Чаир