Панчев: Црвена звезда доаѓа во Скопје на дуел со Вардар
Црвена Звезда од Белград на 16 април во Скопје ќе одигра пријателски меч со македонскиот клуб Вардар. Мечот ќе биде од хуманитарен карактер а средствата собрани ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од трагедијата која се случи вчера во Кочани.
До оваа идеја дошол поранешниот македонски репрезентативец, Дарко Панчев.
- Последниот ден од викендот се слушнав со Пикси (Драган Стојковиќ), кој има безброј обожаватели во Скопје и низ цела Македонија, и предложив да се организира натпревар меѓу репрезентациите. Веднаш ме поддржа, а идејата наиде на едногласна согласност од раководството на Српската федерација. Ви благодарам. Срцето ми се кине, ова е нешто каде што целиот регион мора да се обедини, за сите да покажеме дека сме луѓе, и сме, луѓе сме! Неизмерна почит за гестот, за подадената рака, милион пати: благодарам. Во чест на оние кои... Тешко ми е, ве молам разберете дека прекинувам. Јас сум скршен, истакна Панчев.
Панчев го контактирал и Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена звезда, притоа споменувајќи го и хуманитарниот карактер на средбата, гостувањето на поранешниот европски и светски шампион во Скопје.
-Останува само да се одреди датум, Црвена звезда за се ќе се договори со Вардар. Директорот Терзиќ го спомена 16 април, благодарам, што друго да кажам. Во име на Кочани, Скопје и цела Македонија, Ви благодариме за грижата, за тоа што се прави за повредените, за нивниот транспорт и лекување во Србија, благодарение на братскиот народ“, заклучил Дарко Панчев за Спорт клуб.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии
-
Мицкоски не планира реконструкција – Таравари почна да брои пратеници
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
ВМРО-ДПМНЕ за новиот имот на Левица: Апасиев е левичар од Али Експрес
-
Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
„Царините од САД се резултат на грешка“ – Мицкоски очекува да се коригира одлуката
-
Инфлацијата се смирува, мерките за ограничени цени и маржи, според надлежните - даваат резултат