Пахор денеска во Охрид
Претседателот на Република Словенија Борут Пахор во рамки на дводневната официјална посета на Република Македонија, денеска ќе престојува во Охрид.
Заедно со претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Македонија во Кампот за обука на вода – Охрид.
Претходно, двајцата претседатели ќе ги посетат црквата „Света Богородица Перивлепта“ и Галеријата на икони, Античкиот театар и црквата „Света Софија“.
Вчера во Скопје, на првиот ден од официјалната посета, претседателот Пахор беше пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Стево Пендаровски, по што двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, заедничка прес-конференција и положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.
Словенечкиот претседател се обрати на седница во Собранието на Република Македонија, а оствари и средби со претседателите на Собранието и на Владата, Талат Џафери и Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии