-->
-->
Овчар од гостиварско доживеал вистински хорор - Го собрал стадото да преноќи, а утрото...
-->
Волци нападнале и ги усмртиле сите овци од помало стадо, вчера во близина на гостиварското село Топлица. Сопственикот на стадото В.А. од Топлица, откако претходниот ден ги напасувал, го собрал стадото и го оставил во импровизирано бачило да преноќат.
Според СВР Тетово, каде случајот бил пријавен, сопственикот кој претходно ги оставил, вчера дошол да го напои и прихрани стадото, но затекнал, вистински „масакар". Од неколку овци имало само остатоци, а останатите биле задавени.
По пријавата, бил извршен увид на местото, при што бил повикан и ветеринар, кој потврдил дека станува збор за напад од волк или повеќе волци.
Штетата која ја претрпел сточарот се проценува на над 90 илјади денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мали шанси да се укине ветото во ЕУ, но големи шанси за притисок врз блокирачите
-
Кои се ветувањата на скопските кандидати за градоначалници за главниот град?
-
Активности на кандидатите за градоначалници во скопските општини
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Национализмот не ги полни куќите
-
Филипче: Се враќаат режимски практики
-
Шукова: Модерен конгресен центар за Скопје
-
Ѓорѓиевски: Сообраќајна инфраструктура за безбедни улици