Отворено и избирачкото место во село Спанчево во општина Чешиново-Облешево
По повеќе од едночасовно одложување поради технички проблеми, отворено е и избирачкото место во селото Спанчево во општина Чешиново-Облешево.
Од Општинската изборна комисија истакнаа дека успешно е внесена базата на податоци во уредот за идентификација со отпечаток на прст, со што граѓаните го остваруваат своето гласачко право.
– Имавме одложување при отворањето на избирачкото место број 887 во селото Спанчево што се појави поради проблеми со базата со податоци. По неговото отстранување гласањето почна десетина минути по осум часот. Поради тоа, на ова место ќе се пролонгира времето за гласање, односно тоа ќе биде отворено до 20 часот и 11 минути, истакна Виолета Јанева, претседателка на Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево.
Во општина Чешиново-Облешево во тек е гласањето за избор на градоначалник во вториот круг, при што запишаните 5390 граѓани гласаат на 13 избирачки места, од кои две се во селото Чешиново, а по едно во останатите населени места.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
