-->
-->
Отсега со македонски пасош ќе можете да работите во Норвешка, Шведска и Германија
-->

Македонците со македонски пасош можат да работат во Норвешка, Шведска и Германија. Со посета на сајтот, ec.europa.eu/eures, можете да најдете вработување на еден од огласите кои се објавени.
За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, за во скандинавската земја не постои иселеничка виза. Доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови.
Речиси идентично е и заминувањето во Норвешка. Таму се работи 7,5 часа дневно, а работниците добиваат 30 дена одмор. www.jobboerse.arbeitsagentur.de Ова е веб страната за работа во Германија.
Во продолжение дефицитарните кадри во овие земји:
Германија: ИТ, Машински инженери, Електорничар, Електричар, Електроинсталатер, Водоинсталатер, Лекар, Медицински сестри и Негуватели на стари луѓе и болни деца
Шведска: Стоматолози, книговодители, Кувари, Пекари, Молери, Градежни техничари и инженери, Електроинженери, ИТ Сектор
Норвешка: Кувари, Пекари, Градежни техничари и инженери, Медициснки сестри и лекари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шефот на германската дипломатија пристигна во Скопје на средба со министерот Муцунски
-

Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-

Студентите можат да аплицираат за ваучер од 250 евра за нов компјутер
-

Утре почнува судењето за “Пулс” - едно од најкомплицираните судења во македонската историја
-

Надзорна расправа за Кочани: Власта го прифати барањето на опозицијата уште пред да биде поднесено
-

Шефот на германската дипломатија Вадефул попладнево доаѓа во Скопје
-

Опозициски пратенички прашања: Бугарија, ИПАРД афера, извештај на ЕК
-

Петмина кандидати за претседател на ДКСК ги поминаа интервјуата во Собрание
