Отплови првиот брод со хуманитарна прехранбена помош за Африка од Украина
Бродот „Brave Commander“ го напушти украинското пристаниште Пивдени, со првиот товар со хуманитарна прехранбена помош за Африка од Украина од руската инвазија.
Украинскиот извоз на жито е во пад од почетокот на војната поради затворање на црноморските пристаништа, клучен канал за испорака, што ги зголеми глобалните цени на храната и предизвика страв од недостиг во Африка и на Блискиот Исток.
Минатиот месец три црноморски пристаништа беа одблокирани, по договорот на Москва и Киев, постигнат со посредување на Обединетите Нации и Турција. Тоа овозможи да се испратат стотици илјади тони украинско жито на купувачите.
Според украинското Министерство за инфраструктура, „Brave Commander“ носи 23.000 тони пченица. Бродот се упати кон африканското пристаниште Џибути со резерви наменети за потрошувачите во Етиопија.
„Министерството и Обединетите Нации работат на начини за зголемување на снабдувањето со храна за социјално загрозени делови од африканско население“, се наведува во соопштението.
Оттаму додаваат дека 17 бродови веќе ги напуштиле украинските пристаништа со над 475.000 тони земјоделски производи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот