Откриен опасен пропуст на сите интернет пребарувачи: Може да бидете прелажани, а за тоа да не сте свесни

Интернет пребарувачите „Google Chrome“, „Mozilla Firefox“ и „Opera“ имаат опасен пропуст поради кој т.н. „phishing“ напади е невозможно да се детектираат.
Имено, поради овој пропуст хакерите можат на корисниците да им прикажуваат лажни називи на домеини во УРЛ бар, а уствари да ги однесат до нивните лажни сајтовим пишува „Express.co.uk“.
Поради тоа е доста тешко да се детектира проблемот, затоа што се делува како да се наоѓате во сигурна HTTPS конекција.
Интернет корисницте така би можеле да ги внесат своите детали за банкарските сметки на сајтот кој изгледа баш како оригиналот и да не приметат дека се на лажна адреса.
Невозможно е да препознаете дека е сајтот е лажен, ако внимателно не проверите УРЛ или ССЛ. За да бидете сигурни, би требало мануално да го внесувате УРЛ или до сајтот да одите преку пребарувачот, секој пат кога се сомневате дека сте на вистинската адреса, пишува во текстот на Експрес.
Гугл Хром би требало да добие заштита на 25 април, а Мозила веќе направи привремено решение.
Потребно е да внесете about:config во URL бар и да притиснете ентер. Вклучете Punycode во полето за пребарување.
Тоа ќе ги започне подесувањата под назив. network.IDN_show_punycode и тогаш е потребно со двојно кликање на десен клик да ги променитет вредностите од False во True.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
