Османи: Во пресрет на почетокот на преговорите потребна ни е квалитетна реформска агенда
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, пред членовите на Министерскиот совет ја презентираше драфт-верзијата од Планот 18.
- Имавме одлична презентација на Планот 18 пред различни целни групи како што е Делегацијата на ЕУ, мисиите на ОБСЕ, граѓанскиот сектор, опозицијата, со што го продолжуваме принципот на инклузивност уште во фазата на негово создавање, истакна Османи на средбата.
Нагласи дека Планот 18 мора да го надмине квалитетот и амбициите на Планот 3-6-9 и да ја задржи и засили рефромската агенда на Владата во периодот од одлуката за преговори, па се до нејзиниот почеток.
Во текот на наредната недела очекува серија активности во насока на усогласување со забелешките на Планот кои во овој период пристигнуваат од сите заинтересирани страни.
Ново на Сител
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите