Османи: 20 лица не сакаат да заминат од Украина, меѓу нив мајка со две деца
Дваесетина македонски државјани кои се уште се во Украина одбиле да се евакуираат и ќе останат во земјата која е под руска инвазија во моментов, соопшти министерот за надоворешни работи Бујар Османи. На почетокот на конфликтот во Украина имаше 120 наши граѓани, но до сега околу 80 проценти од нив биле евакуирани.
„Има 8 граѓани кои бараат евакуации од нив четворица се наши државјани, другите 4 лица се Украинци кои имаат роднински врски со нашата земја. Има уште 20 лица кои не бараат евакуација, вели Османи.
Меѓу оние кои решиле да останат во земјата е тричлено семејство кое има возило, но не сака да замине, потоа мајка со две деца кои исто така не сакаат да се евакуираат освен ако нема поголема ескалација, четири лица кои се наоѓаат во јужна Украина и се чувствуваат безбедно, три лица во Лвов и 4 лица во Запорожје кои побарале МНР да не ги контактира повеќе за евакуација.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?