Орбан: Подготовките за самитот Трамп – Путин во Будимпешта сè уште се во тек
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека во тек се подготовките за мировниот самит на претседателот на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта.
Тој на Фејсбук објави дека шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто е во Вашингтон и оти продолжуваат разговорите, иако датумот на средбата сè уште не е утврден.
-Самитот ќе се одржи кога ќе дојде време, истакна Орбан.
Според претходните најави, Трамп и Путин требаа во Будимпешта да разговараат за можно решение за војната во Украина. Но, плановите беа одложени откако Москва го отфрли предлогот за итен прекин на огнот.
Претходно, Трамп наведе дека „не сака залудна средба“ со Путин, но навести дека наскоро би можеле да следат одредени случувања, додавајќи оти „јавноста ќе биде информирана во следните два дена“.
МИА
Ново на Сител
-
Скопските градоначалници ќе бараат помош од колегите во другите градови за да го соберат ѓубрето
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
-
Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-
Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-
10 годишно дете гризнато од глушец поради несобраното ѓубре во скопски Капиштец
-
Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
-
Кој колку би освоил на парламентарни избори?
-
Касами ветува поддршка за ДУИ во Кичево, очекува гласови од интегративците во останатите општини