Општина Куманово одвои 3,9 милиони денари за нова вертикална сигнализација на булеварот „Октомвриска револуција“

Започнаа градежните активости на булеварот „Октомвриска револуција“ на крстосница во близина на спортската сала во Куманово за поставување вертикална сигнализација. Екипите на фирмата изведувач, почнаа со работа на терен и согласно потпишаниот договор, имаат рок од 90 дена за поставување на нови семафори на оваа крстосница, каде што претходно се случија голем број на сообраќајни незгоди.
- За новите семафори, општината одвои 3,9 милиони денари. Договорот е потпишан во првото тромесечие од тековната година, а тендерот го доби фирмата „Електософт Инжињеринг“ од Скопје“, изјави денеска раководителот на Одделението за јавни набавки од општина Куманово, Дарко Станојковски.
Од општината велат, дека претходно одлуката е разгледана на седница на Совет и дека со поставувањето на семафорите се очекува да се подобри сообраќајната безбедност во овој дел од градот.
Изминатиот период на оваа крстосница се случија поголем број сообраќајни незгоди, во кои покрај што беше предизвикана материјална штета на возилата, имаше и повредени лица. Крстосницата се наоѓа во непосредна близина на кејот на реката Кумановка, каде што постојано има поголема фрекфенција на граѓани.
На булеварот „Октомвриска револуција“ кој е со приближна должина од околу четири километри, веќе има поставено пет семафори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски
-

Мицкоски доби трет мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и вети одговорност
-

ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес во Кавадарци - Мицкоски единствен кандидат за претседател
-

Сестринските партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат
-

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добива милонски тендери од државата, Томовски најавува тужба за клевета
-

Тајмс: Северна Македонија во преговори за прием на азиланти - Владата негира, амбасадата ниту потврдува, ниту демантира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Јавната свест за лицата со попреченост се зголемува
