Македонија
6. December 2025 - 16:31
Јавната свест за лицата со попреченост се зголемува
Јавната свест за лицата со попреченост се зголемува , но останува потребата дневните центри да се под државна капа.Инклузијата не е милостина туку право, а правата на секој еден граѓанин се одговорност на општеството велат од центарот Зраци кој постои повеќе од 20 години.
Центарот Зраци има поддршка од Општина Охрид. Но за родителите и понатаму е проблем нерешениот статус нанапуштајќи ги своите професии за да се грижат за лицата со посебни потреби, немаат ниту стаж ниту примања.
Инаку, Дневниот центар „Зраци“ секојдневно го посетуваат десетина лица.
Тие покрај тоа што ги добиваат услугите за оспособување во извршување на дневните обврски, вклучени се и во бројни социјални активности.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
