Оливер Драгојевиќ и Тамара Тодевска ќе ги забавуваат скопјани на новогодишната ноќ

Оливер Драгојевиќ и Тамара Тодевска ќе ги забавуваат скопјани на плоштадот „Македонија“ за пречекот на Новата година, најави денеска на прес-конфоренција градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
Градоначалникот најави богата програма во пресрет на пречекот на најлудата ноќ за која, како што рече, заслужни се и спонзорите Македонски телеком, Пивара Скопје и Сити Мол кои во текот на наредните денови ќе организираат повеќе забавни активности за граѓаните на Скопје.
- Во сабота на 26 декември ќе има настап на уличните музичари на плоштадот „Македонија“ во организација на Град Скопје, на 27 декември ќе има дедомарзоваска трка која ја организација Пивара Скопје, на 31 декември ќе има пречек на Дедо Мраз во организација и во 21 часот вечерта почнува новогодишната програма со Диџеј, Тамара Тодевска и Оливер Драгојевиќ во организација на Телеком, истакна Трајановски и додаде дека на полноќ ќе има богат огномет.
Град Скопје ги кани сите граѓани кои сакаат да ја пречекаат Новата година на отворено, да бидат дел од овој настан, како што велат, вреден за паметење.
Мирјана Андонова од Сити Мол информира дека програмата за пречекот на Дедо Мраз започнува во 11:40 часот со театарска престава за најмалите, во 12 часот ќе има спуштање на Дедо Мрез од Триумфалната порта „Македонија“ и негово патување до плоштадот со пајтон и вовче.
Ново на Сител
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
-

Села го напушти Ахмети – пратениците ќе делувале како независни
-

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
-

Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓорѓиевски соопшти дека го пронашле сторителот
-

Љубојно 100 дена со протести се спротиставува на сечата
-

Преглед на вестите од светот
-

35 лица седнуваат во судница, почнува судењето за пожарот во Kочани
