Loading Video...
Свет
19. November 2025 - 16:33

Преглед на вестите од светот

Најмалку 25 лица беа убиени во  руски ракетен и беспилотен напад во текот на ноќта што погоди две станбена зграда во западниот украински град Тернопољ ,соопшти Украинската државна служба за вонредни ситуации.

Од таму додаваат дека три од  жртвите се деца. Над 70 лица се повредени.  

Неколку часа пред нападот, Министерството за одбрана на Русија  обајви дека украинските сили испалиле  четири ракети Атакамс од американското произвдоство кон јуќниот град  Воронеж. Сите ракети беа сооборени од воздушната одбрана, соопшти армискиот портпарол. 

Трамп ја прогласи Саудиска  Арабија како главен сојзуник на САД, надвор од НАТО по денот поминат со саудискиот престолоналседник Мохамед бин Салман. Оваа одлука ги продлабочува одбранбените и економските врски, вклучувајќи потенцијална продажба на борбени авиони Ф-35 и значителни саудиски инвестиции во САД.

- Вечерва, со задоволство објавувам дека ја креваме нашата воена соработка на уште поголеми височини со формално назначување на Саудиска Арабија за главен сојузник надвор од НАТО, што е нешто што е многу важно за нив. Го слушнав како вели: „О, тоа е убаво“.

Посетата на   Мохамед бин Салман  на Вашингтон е негова прва по убиството на колумнистот  на Вашингтотн пост Џамал Кашоги во 2018 година во саудискиот конзулатат во Истнабул. Американските разузнвачки служби заклучија дека бин Салман ја одобрил операцијата за апсење и убиство на Кашоги, кој беше истакнат критичар на саудискиот режим.  Иако Бин Саламн го негираше тоа,  тој  ја  презеде одговорноста како саудиски лидер.  За време на средбата во Белата кука, новинарите се интересираа  за случајот. 

- И Ваше Кралско Височество, американското разузнавање заклучи дека вие го оркестриравте бруталното убиство на новинар

- Споменувате некого (покојниот саудиски критичар Џамал Кашоги) кој беше исклучително контроверзен.  Се случуваа работи, но тој не знаеше ништо за тоа. И можеме да го оставиме тоа така. Не мора да ги засрамувате нашите гости поставувајќи вакво прашање.

- Господине претседателе, ако ми дозволите да одговорам. Ги презедовме сите правилни чекори во истрагата итн., во Саудиска Арабија, и го подобривме нашиот систем за да бидеме сигурни дека ништо не се случило слично. И тоа е болно и е огромна грешка.

Саудискиот суд осуди 5 лица на смртна казна за убиството на  Кашоги.