-->
-->
ОИ Рио: Бразил повторно одигра без голови 0:0
-->

Иако важат за најголеми фаворити за олимпиското злато во Рио, домашните фудбалери на Бразил и во вториот меч на игрите одиграа без голови. Овојпат Кариоките во дуелот со Ирак одиграа 0:0. Ваквиот резулат и оди во полза на селекцијата на Данска која со победата над Јужна Африка сега изби на првото место во А групата, во која во третото последно коло Данците ќе играат против Бразил.
Во групата Б, селекцијата на Нигерија ја оствари втората победа совладувајќи ја Шведска со 1:0, додека Јапонија и Колумбија одиграа без победник 2:2.
Во другите две групи беа постигнати овие резултати:
Ц група: Мексико – Фиџи 5:1 и Германија – Јужна Кореја 3:3.
Д група: Португалија – Хондурас 2:1 и Аргентина – Алжир 2:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер