Ограбена куќа во тетовското село Пршовце

Материјална штета од околу 200 илјади денари пријавил А.З.(58) од тетовското село Пршовце во периодот по тешката кражба на пари, златен накит и друго што вчера помеѓу 19 часот и 30 минути и 22 часот и 30 минути била извршена во неговата куќа, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
-Засега непознати сторители насилно ја отвориле влезната алуминиумска врата на приземјето, потоа се искачиле на катот и од спалната на синот одзеле 120 илјади денари во разни апоени како и 4 парчиња златен накит, прстени и синџир , два дигитални фотоапарати, исто толку мобилни телефони и уште 3.000 денари што се наоѓале во паричник. Со одземените пари и накит незабележани од никого тие ја напуштиле куќата причинувајќи вкупна материјална штета која според сопственикот се проценува на 200 илјади денари, изјави Јосифовски.
Полицијата извршила увид и работи на целосно расветлување на случајот и откривање на сторителите.
Ново на Сител
-   
           Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-   
           Серија проекти и мерки по изборите
-   
           Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-   
           Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
-   
           Неопходна е стратегија за спас на Преспанското езеро
-   
           Преглед на вестите од светот
-   
           Промовирано новото македонско вино - Волкано од Монтеко
-   
           Пораки и ветувања од кандидатите спроти изборниот молк утре на полноќ







