Одземени три возила поради учество во „диви трки” на автопатот Тетово-Скопје

Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на сообраќајот Тетово откри и времено одзеде три патнички возила, поради сомнение дека учествувале во таканаречени „диви” трки на автопатот Тетово-Скопје, во непосредна близина на Требошки натпатник, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Одземени се: „бмв” со странски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(27) од Гостивар, „сеат ибица”, со тетовски ознаки што го управувал 28-годишниот А.Ш. од Скопје и „фолксваген голф”, со скопски ознаки, управувано од У.С.(21) од Тетово. Одземена, исто така, е и возачка дозвола од Л.А.(39) од Швајцарија, кој го управувал патничкото моторно возило „бмв”. По целосно расчистување на сите поединости околу случајот, на инволвираните ќе им се изготват соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
