Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, ако има одлука ќе ги вратиме 50. милиони евра од солидарен данок, вели Мицкоски
Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, туку се спроведуваат и ако Судот донесе одлука да се вратат 50-те милиони евра од солидарниот данок ние ќе ги вратиме, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски.
-Ние враќаме многу работи кои ги задолжиле претходните. Многу пати сум рекол дека нема да ги коментирам одлуките на Уставниот суд. Ако донесат таква одлука мора да ги вратиме тие пари, нема што да правиме, ќе скратиме од нешто друго и ќе направиме ребаланс. Воедно ќе ја разгледаме и можноста за кривична одговорност на тие кои донесоа одлука на ваков начин да се води економијата зашто дефакто Буџетот е оштетен, а може утре и камати да ни побараат ако донесе таква одлука Уставниот суд, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежни активности на патот Катланово-Градманци во општина Петровец.
Нагласи дека одлуките на Уставниот суд се конечни и не може да се коментираат и додаде дека станува збор за пари кои им припаѓаат на сите граѓани, а Владата само менаџира со нив.
-Доколку донесе одлука Уставниот суд наместо да правиме вакви улици, училишта, булевари, експресни патишта ние ќе ги вратиме парите затоа што некој се однесувал како што се однесувал – насилно дивеел и мислел дека е семоќен, но очигледно е дека ние ќе мора да плаќаме за тоа и ќе плаќаме и пак ќе успееме, рече Мицкоски.
Уставниот суд за 15-тина дена треба да донесе одлука за солидарниот данок од 50 милиони евра кои се веќе наплатени од фирмите од претходната влада.
Ново на Сител
-
Си Џинпинг пристигна во Кремљ на средба со рускиот колега Путин
-
Во Солун разбиена криминална радикално десничарска организација
-
Променливо облачно со сончеви периоди, најмногу дожд на Попова Шапка
-
Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ
-
ПСЖ со двојна победа над Арсенал обезбеди финале во Лигата на шампиони
-
Зеленски: Украинскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште важи, нема реакција од Москва
-
Почнува Саемот на книга
-
Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија