Зеленски: Украинскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште важи, нема реакција од Москва
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека нивниот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште е на сила, оценувајќи дека тоа ќе ѝ даде шанса на дипломатијата и ќе овозможи деескалација на конфликтот со Русија.
-Не го повлекуваме овој предлог. Тоа би можело да отвори врата кон дипломатијата, рече Зеленски во видео обраќање, објави Укринформ.
Зеленски нагласи дека Украина останува посветена на мирот, но дека „нема никаков одговор од руска страна – освен продолжување на нападот“.
-Ова јасно покажува кој е изворот на војната. Русија мора да ја запре својата агресија – тоа е прашање на време. Војната е загуба за сите, вклучително и за агресорот, додаде украинскиот претседател.
Зеленски истакна дека меѓународните санкции против Русија ќе бидат зајакнати и оцени дека тие се „неизбежни“ и „опипливи“.
Тој, исто така, најави нови иницијативи кои, како што рече, ќе го забрзаат спроведувањето на меѓународната правда.
Неговата изјава доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин на 28 април прогласи еднострано примирје од 8 до 10 мај по повод Денот на победата.
Зеленски претходно изјави дека нема потреба да се чека симболичен датум за прекин на огнот – „тоа може да се направи веднаш“.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, ја коментираше ситуацијата, велејќи дека американскиот претседател, Доналд Трамп, поддржува траен прекин на огнот како единствен начин за запирање на конфликтот во Украина.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украинскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште важи, нема реакција од Москва
-
Почнува Саемот на книга
-
Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија
-
Измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците на седница на Комисијата за политички систем
-
Втор ден од конклавата за избор на нов папа
-
Муцунски на средба со шефовите на дипломатиите на членките и кандидатите за членство во ЕУ во Варшава
-
„Њујорк тајмс“: Трамп треба да објави голем трговски договор со Обединетото Кралство
-
Паради по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа