Одбележан Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон
Во касарната „Боро Менков“ Куманово, со воена свеченост, денеска припадниците од Првиот механизиран пешадиски баталјон го одбележаа 26-ти февруари, Денот на единицата.
Во рамки на свеченоста, единиците продефилираа пред присутните, по што следеше презентација на дел од вооружувањето, опремата и возилата со кои располага единицата. На прославата присуствуваа претставници од АРМ, поранешните команданти на единицата, претставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и претставниците на единиците на локалната самоуправа, бизнис секторот и граѓани.
Пред присутните, командантот на првиот механизиран пешадиски баталјон Лулзим Нуредини се осврна на историјата и формирањето на Третата македонска ударна бригада. Потсети дека бригадата е формирана во Жегљане на 26-ти февруари 1944 и на нејзините учества во НОБ,за што е одликувана со три ордени.
- Како и тогаш, така и сега, задачите и обврските се големи, но целта е иста. Сите ние сме во функција на народот и државата, а со секојдневните активности и ангажирање го докажуваме тоа, рече меѓу другото команданот Нуредини, потсетувајќи на ангажманот на Армијата во асистенцијата на МВР при справувањето со мигрантската криза и со поплавите и помош на населението во скопскиот регион.
- Оваа единица се карактеризира со висок степен на обученост, чувство за припадност и одговорност кон единицата и нејзините традиции и обврски и е подготвена да одговори на предизивиците што ги носи времето, рече Нуредини.
На денешната свеченост беа прочитани телеграми со честитки по повод денот на Денот на единицата, беа унапредени, пофалени и наградени припадници на единицата, беше прогласен најдобар вод и беа доделни награди за соработка на кумановската градинка „Ангел Шајче“ ,културно-уметничките друштва „Срма“ и „Бајрам Шабани“ и на приватни компании.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорѓе Иванов, 26 февруари е одреден за Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум со кој се одбележува значаен историски настан, поврзан со денот на формирањето на Трета Македонска Ударна бригада, а врз кој заедно со други важни датуми од историјата се темелат традициите на АРМ.
Ново на Сител
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик