Од утре на сила новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата
Од утре стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести.
Новиот пакет мерки кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници.
Со новите мерки е предвидена реорганизација на работното време на угостителите и тие од утре ќе затвараат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше до сега. На сила останува забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.
Забрането е групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците, а хотелите ќе треба да ги затворат своите ресторани по 21 часот. Забрана за собири на отворено и ограничен број постетители во затворен простор со задолжително носење на маски ќе важи и за празнување на верските празници кои следат.
- Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за празниците. Да празнуваме одговорно заради сите нас - порача министерот д-р Венко Филипче.
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково