Македонија
20. April 2025 - 18:34

Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково

Воз удри во автомобил попладнево на железничкиот премин кај Зелениково.

Екипа на Итната медицинска помош -  Скопје е на лице место, потврди за МИА, шефот на смена во Брза помош - Скопје, доктор Драган Панов.

Според првичните информации повредено е едно лице.

Засега нема детали за сообраќајната несреќа и под кои околности дошло до судирот.