Обука за 400 невработени лица кај познат работодавач

Сите евидентирани невработени лица регистрирани како активни баратели на работа од денеска можат да аплицираат за тримесечна обука кај познат работодавач, за чие времетраење невработените ќе добиваат по 7.458 денари плус платено осигурување во случај на повреда и персонален данок. Работодавачите се должни на неопределено време со полно работно време во период од 6 месеци да задржат барем 50 проценти од лицата кои ќе ги примат на обука.
Како што информира на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски, планирани се средства за обука на 400 невработени лица во висина од 11.535.060 денари.
- Работодавачот не треба да го има намалено бројот на вработени во последните шест месеци на полно работно време, да нема загуби во 2016 година и да не должи даноци и придонеси кон државата, рече Поповски.
Појасни дека за овој период на корисниците на паричен надомест ќе им продолжи правото на паричен надомест до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката. Ако корисникот на социјална помош е отпуштен од работа пред истекот на мерката, има право да се врати во регистарот на корисници на социјална помош.
Поповски истакна дека досегашните искуства покажуваат дека дури 70 проценти од лицата кои посетувале обуки, работодавачите ги задржале на работа.
- Досега преку оваа мерка од 2007 до 2016 година биле вклучени 7.850 лица, од кои 5.537 се во работен однос. Од нив 4.167 се жени. Обуките ги посетувале 4030 млади лица до 29 годишна возраст, од кои 2815 лица се уште се вработени, рече Поповски.
Додаде дека повеќе информации заинтересираните можат да најдат во центрите за вработување, но и на веб страниците на АВРМ и на Министерството за труд и социјална работа.
Ново на Сител
-

СДСМ: Кој ќе одговара за скандалот?
-

Арсовска го повикува Ѓорѓиевски на ТВ дуел
-

Коцевски за Извештајот на ЕК: Тоа се фактите, недостасуваат човечки и материјални ресурси
-

Остатоци од дронови пронајдени во Романија
-

Спроведена постапка за мајката од скопско која го малтретирала своето бебе
-

Нов инвестициски циклус во „Костал“ во 2026, ќе се инвестираат 30 милиони евра и ќе бидат отворени дополнителни 200 работни места
-

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
-

ВМРО-ДПМНЕ: Посакуваме Данела да се надмине и да ги победи своите стравови и болки, борбата со таквите демони не е лесна
