Македонија
11. November 2025 - 12:14

Мицкоски: Јас побарав да запрат исплатите за ИПАРД

Премиерот Мицкоски вели дека лично побарал да запрат сите исплати од ИПАРД програмите по скандалот кој изби во плтежната агенција кога Директорот заедно со уште неколку лица беше приведен и спроведен во притвор откако беше фатен како прима поткуп.

Премиерот кој денеска беше во Охрид вели дека постојат сомнежи дека во оваа агенција и порано се вршеле злоупотреби поради што ќе биде потребно да се направат темелни проверки и сите кои правеле криминал да бидат изведени пред надлежен суд.