Видео снимки од „ПИ“ мерки на судењето за поткуп во Клиниката за геријатрија
Со видео снимки обезбедени преку посебни истражни мерки, јавното обвинителство го докажува поткупот од 20 илјади евра кој за сместување на пациент го земал поранешниот директор на геријатриската болница, Мухсин Арифи.
Во април годинава, тој заедно со второобвинетиот, Блерим Амити и сведокот од кој бил баран поткупот прво се среќавале во ресторани и кафулиња, а неколку дена подоцна на осми април, испалатена била и сумата.
Според снимките кои денеска беа презентирани во судницата, поткупот од 20 илјади евра е предаден во автомобил на улицата Борис Сарафов каде се наоѓа и клиниката за Геријатрија. Снимките, обвинителството ги смета за непобитен доказ со кој се потврдуваат кривичните дела сторени од обвинетите.
Одбраната со сведоци го спори обвинението. Денеска сведочеше лице кое лично не се познава со Арифи, биле пријатели само на Фејсбук, а во судницата го пофали дека помогнал во сместување на пријателка на негов колега. За сведоци повикани се и вработени од клиниката за Геријатрија.
Арифи како поранешен директор на Геријатрија е обвинет е за примање поткуп од доживотен старател на болна пациентка. Во случајот помогнал и пријател на Арифи со кој ја делат обвинителната клупа во Кривичниот суд.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
