-->
-->
СДСМ: Кој ќе одговара за скандалот?
-->

Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта. Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и реализираат инвестиции.
Овој мега скандал е показател за систем на корупција и клиентелизам што целосно ја разорува довербата на граѓаните во институциите.
Владата, вицепремиерот за европски прашања, министерката за финансии и министерот за земјоделство биле известени за суспензијата уште во петокот, но не ја информирале јавноста – велат од СДСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сојузот на спортови на Скопје ќе ги додели традиционалните награди „13 Ноември“
-

Трамп во интервју за „Фокс Њуз“ за тужбата против Би-Би-Си: Мислам дека имам обврска да го направам тоа
-

Средба на премиерот Мицкоски со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот и потпишување договор за соработка
-

Во Белград конференција „Western Balkans 2030“, меѓу учесниците потпретседателот на Владата Стоилковиќ, министерката Божиновска и министерот Муртезани
-

Формирањето влада во Холандија западна во ќорсокак
-

Во напади со дронови во Русија оваа година загинале 392 лица
-

Сончево, претпладне со услови за магла по одделни котлини
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани
