Облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец, кој ќе достигне над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а локално пороен. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура 13 степени, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Како што информира УХМР, во сабота ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.
Во недела ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
