Обама: Трамп не е способен да ги извршува претседателските обврски
Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп не е способен да ги извршува претседателските обврски и не престанува тоа да го докажува, изјави претседателот на САД, Барак Обама.
Според него, Трамп не е доволно квалификуван за да биде шеф на државата и е „подготвен на се најлошо само да ја заземе оваа функција“.
Ваквото мислење Обама го истакна на заедничката прес-конференција со премиерот на Сингапур, Ли Сјан Лун по нивната средба во Белата куќа.
Тој нагласи дека не може да сфати како републиканските лидери можат и понатаму да го поддржуваат Трамп.
- Порано или подоцна републиканците треба да признаат дека Трамп не е човекот кој треба да се поддржи како кандидат за претседател од оваа партија, изјави Обама.
Шефот на американската држава објасни дека неговото мислење за Трамп било потврдено за време на јавниот спор на милијардерот со родителите на американски војник муслиман, кој загинал во војната во Ирак.
Ново на Сител
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата
-
Дали Македонија навистина ќе има бенефит од стратешкото партнерство со Велика Британија?
-
Кога ќе се изгради новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се градат веќе со децении?
-
Што може да се очекува ако Трамп ги воведе царините?
-
Се зголемува интересот за тутунот, дали годинава ќе има повисока цена од лани и повеќе килограми?