Новогодишно обраќање на Ердоган: Запрете го убивањето на беспомошните жени и деца во Газа
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во новогодишната порака ја повика светската заедница да стави крај на убивањето на беспомошните жени и деца во Газа, јави Анадолија.
Во новогодишната порака турскиот претседател Ердоган се осврна на целите на неговата земја, како и на глобалните случувања кои ја одбележаа годината во заминување.
Ердоган подвлече дека мора да се видат искрени напори за запирање на судирите во светот.
– Мораме да видиме искрени напори за запирање на судирите кои на луѓето им создаваат болка и ги трошат ресурсите на нациите, почнувајќи од руско-украинската војна, рече Ердоган и додаде: „Мораме да видиме дека сите земји, институции, заземаат единствен став против убивањето на недолжни деца и жени во Газа“.
Претседателот на Турција додаде дека има надеж за подобра иднина на човештвото.
– Таканаречените демократски земји кои ја сакаат слободата мораат да престанат да ги поддржуваат крвавите терористи за тоа да се случи, рече Ердоган.
Тој зборуваше и за проблемите со кои се соочува неговата земја.
– Основа на причината на проблемите со кои се соочуваме, од борбата против тероризмот до економските стапици, е да се спречи изградбата на голема и моќна Турција, рече Ердоган.
Турскиот претседател нагласи дека во време кога глобалната криза продолжува да се зголемува, „уште повеќе ќе ја издигнат ѕвездата на Турција, која произведува, вработува, расте и се развива“.
– Нашите цели за 2023 година беа само почеток. Со „Столетието на Турција“ го започнуваме нашиот вистински пробив во 2024 година, порача Ердоган.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото