-->
-->
Новески за Клоп: Тој ја сака тимската игра
-->
Новиот менаџер на Ливерпул Јирген Клоп осум сезони беше на клупата на Мајнц, а во период од четири сезони беше и тренер на нашиот Николче Новески, кој во тој период беше македонски репрезентативец. За предизвикот на својот поранешен тренер Новески изјави:
- Мислам на стартот нема да му биде лесно. Премиер лигата е поинаква од Бундес лигата. Тука во Германија мислам дека имаше повеќе слобода, што нема да ја има во Англија. Како и во претходните два клуба (Мајнц и Борусија Дортмунд) ќе се обиде да ги придобие и навивачите на своја страна. Тимскиот дух мора да „царува“ во неговата екипа. Тој ја сака тимската игра, настапува со многу емоции, тој е секогаш близок со играчите. Тој е вистински мотиватор. Постојано инсистира на пресинг игра и тоа на половината на противникот. Непосредно пред да се случи трансферот се сретнавме на кусо во Мајнц. Поразговаравме и ми кажа дека планира да оди да работи во голем, добар клуб. Знам дека Ливерпул му беше омилен клуб и за него ова значи остварување на сонот. Сигурно ќе се обиде да донесе некои нови играчи, можни се и засилувања од Борусија Дортмунд. Во секој случај тој ќе сака да има и „свои“ играчи во ростерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Четворица од повредените во Кочани во подобрена состојба денеска се испишани од софиската болница “Пирогов”
-
Филипче повика на уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека е апсурдно да зборува за ЕУ
-
Меџити: Таравари да одлучи или со нас во Влада, или е со ДУИ
-
Почнаа преговорите со САД за намалување на високите царини кои ни ги наметна Трамп
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора