Новата изјава на Кешишев која негира дека Палчо ги сторил убиствата нема доказна вредност
Во изјава за медиумите пред почетокот на судењето, обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска потврдија дека има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски
Тие исто така го коментираа тврдењето на обвинетиот Влатко Кешишев. Тој доставил нова изјава во која наведува дека Палчо не бил на местото на убиствата, туку спиел во партијата.
„Оваа изјава нема доказна вредност, а обвинетите ќе имаат можност да дадат своја одбрана во текот на судењето,“ изјави обвинителката Стојковиќ Димитровска.
Според обвинението, Кешишев ја водел полицијата до местото каде биле закопани жртвите и претходно изјавил дека Палчо е сторителот. Но, неговата нова верзија го негира тоа тврдење.
Судењето продолжува со испитување на сведоци предложени од обвинителството, а потоа ќе се разгледуваат материјалните докази кои треба да ја утврдат вината на обвинетите.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија