Македонија
5. јуни 2025 - 16:39

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повикаа Обвинителството да отвори истрага за Венко Филипче за случајот со модуларната болница.

Тврдат дека Филипче како поранешен министер за здравство,  дозволил изградба на модуларната болница која била спротивна од законот за градење,  ја пуштил во употреба и без противпожарна заштита, а ден по трагедијата во Тетово, се обидел да ги прикрие трагичните последици од своите одлуки.