Нов Зеланд најави укинување на мерките за физичка дистанца
Нозеландската премиерка Џасинда Ардем денеска изјави дека веќе од следната недела можно е да бидат укинати сите мерки на физичка (социјална) дистанца, за да може земјата да се врати во нормалниот живот, но не и оние мерки поврзани со отворање на границите.
Ардем завчера најави дека во понеделник ќе го разгледа прашањето дали земјата е подготвена да се врати на првото ниво на тревога, повеќе од два месеци откако беше воведено четвртото ниво на карантин, поради епидемијата на коронавирусот.
Таа рече дека во понеделник ќе анализира дали укинувањето на ограничувањата, кога станува збор за собирите, доведе до зголемување на бројот на случаи, пренесуваат британските медиуми.
-Ако не е, тогаш ќе бидеме во добра позиција да продолжиме натаму, рече Ардем.
Веќе 12 дена по ред нема нови пријавени случаи на коронавирус во Нов Зеланд. Досега беа регистрирани 1.504 пациенти и 22 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости