Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен

Регионалниот пат Македонски Брод - Скопје (кај Јасен) е пуштен за сообраќај во 17 часот, соопшти вечерва АМСМ.
Сообраќајот на овој пат беше во прекин денеска од 08.40 часот поради одрон.
АМСМ претходно соопшти дека поради одрон, сообраќајот на регионалниот пат Маврово-Дебар, кај село Врбјани, од 16:40 часот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
МИА
Ново на Сител
-

Цената на јајцата и натаму ќе расте, најавуваат производителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа недела ќе бидат познати имињата на министрите
-

Владата ќе носи Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025-2030
-

Регионална конференција: „Стратегиските приоритети на НАТО, ЕУ и југоисточна Европа во мултиполарниот меѓународен поредок”
-

„Екранизмот“ нова закана за говорните нарушувања кај децата
-

Струмица се приклучи на глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата“
-

Преглед на вестите од светот
