Никој како Реал
Реал Мадрид мината сезона, повоторно ја заврши како клуб со најголеми приходи, во светот на фудбалот. И покрај тоа што во минатата сезона не освои ниту еден трофеј, сепак Реал 11-та година по ред е предводник на клубовите со најголеми приходи, објави Deloitte.
Реал Мадрид, сезоната 2014/2015 ја завршил со приход од 577 милиони евра , на второто место е најголемиот спортски ривал на ‘кралскиот клуб’, Барселона, со приход од 560,8 милиони евра, а третото место е резервирано за уште еден тим кој минатата сезона не освои ништо, Манчестер Јунајтед. Англискиот великан остварил приход од 560 милиони евра.
Во Топ 10 листата на Deloitte зад Реал, Барселона и Манчестер Јунајтед следуваат: ПСЖ (480,8 млн евра), Баерн Минхен (474), Манчестер Сити (463,5), Арсенал (435.5), Челзи (420), Ливерпул (391,8) и Јувентус (323,9).
Меѓу 20-те клубови со најголеми приходи има дури девет англиски тимови, а збирно приходите на овие екипи порснале за осум проценти во однос на сезоната 2013/2014, односно од 6,6 на 7,2 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии
-
Мицкоски не планира реконструкција – Таравари почна да брои пратеници
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
ВМРО-ДПМНЕ за новиот имот на Левица: Апасиев е левичар од Али Експрес
-
Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”