Неверојатно: Бебе спасено со кеса за замрзнување

Ријана Шејд (29) на свет ја донесе ќеркичката Емили само 24 недели од почетокот на бременоста. Емили на свет дојде по природен пат, а при породувањето дури не и пукна ниту воденикот, па така ова храбро девојче излезе во постелката и натаму полна со плодова вода.
Емили е родена во јули и тежела само 700 грама, а бидејќи кожата и била многу тенка, лекарите, пред да ја стават во инкубатор, ја ставиле во пластична кеса за замрзнување за да и биде топло.
-Не можам да ви опишам колку беше малечка. Ја собра во пластична кеса, онаа за сендвичи, зошто кожата и беше толку тенка што не можеше да и ја регулира телесната температура, вели Ријана, која дури минатиот месец, по четири месеци поминати во болница, ќеркичката ја донела дома.
Ријана вели дека е вистинско чудо што Емили преживеала и дека докторите не би се обиделе да ја спасат ако била малку поситна.
-Но беше борец, и така малечка се трудеше сама да дише, вели Ријана.
Борбата за живот на малечката Емили беше долга и тешка, но малечката хероина успеа да се избори со сите тешкотиии и да си дојде дома кај своите родители.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски сигурен во победата веќе одржа координација со мнозинството од Советот на г. Скопје
-

Мицкоски во Лондон се сретна со кралот Чарлс, потпишан договор за инвестиција со Бурсток
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството и инспекциите ја чешлаат Комунална
-

М-НАВ: Граѓанскиот суд постапи исправно
-

Рекордна заинтерсираност за имунизација против сезонскиот грип
-

Се поголем е интересот за угостителско-туристичките струки
-

Преглед на вестите од светот
