Неколку скопски населби и села утре без струја
Дел од корисниците од улиците „Брсјачка Буна“, „Моравска“ и „Гвадалахара“ во општина Шуто Оризари утре од 9 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија поради поставување нов приклучок.
Во периодот од 8:30 до 13 часот без струја ќе биде областа Ергеле во општина Гази Баба, од 9 до 10 часот селото Долна Арнакија, од 7 до 15 часот улицата „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари, а од 9 до 12 часот дел од корисиците од селата Петровец, Огњанци и Таор, викенд населбата Јане Сандански, селото Орешани и викендиците, дел од селото Зелениково, објектите на Бујото, Маско и Млекара Христови во општина Зелениково.
Од 6:30 до 15:30 чсот без елелктрична енергија ќе бидат и асфалтната база на Качанички Пат и селата Никиштани, Орман, како и дел од селото Волково – улиците „56“, „101“ и „102“, од 9 до 10 часот корисниците од улиците „Софиска“ и „Његошева“, од 10 до 15 часот од улицата „Миле Поп Јорданов“, а од 14 до 15 часот од улицата „Струшка“ во општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур