Свет
27. September 2016 - 16:46

Насрала: Конфликтот во Сирија ќе се одлучи на бојното поле

Лидерот на либанското шиитско движење Хезболах, шеикот Хасан Насрала изјави дека во блиска иднина не гледа политичко решение за конфликтот во Сирија.

- Нема изгледи за политичко решение... последниот збор ќе биде на бојното поле, наведе Насрала.

Тој додаде дека ситуацијата во Сирија станува се посложена по интензивирањето на тензиите меѓу САД и Русија.

Либанското шиитско движење е клучен сојузник на режимот на претседателот Башар ал Асад.