Напаѓач во САД убил три жени, па пукал во себе
Се верува дека маж во централниот дел на американската сојузна држава Илиноис убил три жени и ранил еден маж пред да се самоубие, соопштија американските власти
Полицајците најпрво пронајдоа мртва жена и маж со прострелна рана во куќа во Ешленд, во близина на Спрингфилд, пренесе АП.
Агенцијата додава дека ранетиот ја упатил полицијата во друга куќа на истото место, каде што откриле уште две мртви жени, убиени во, како што се сомнева, поврзан напад.
Полицијата подоцна го лоцираше и идентификуваше осомничениот за нападите во неговото возило во Џексонвил, на околу 20 милји југозападно од Ешленд, каде што беше пронајден мртов од наводна самонанесена прострелна рана во возилото, објавија локалните медиуми.
Преживеаниот маж е пренесен во болница со повреди опасни по живот, наведува агенцијата. Државната полиција на Илиноис соопшти дека нема да бидат објавени дополнителни информации поради тековната истрага.
Ново на Сител
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка