Нападнат и ограбен гостиварец
Две лица извршиле разбојништво врз 27-годишен жител на Гостивар кого физички го нападнале и му одзеле пари и мобилен телефон.
Разбојништвото се случило синоќа околу 22:30 часот кога на регионалниот пат Гостивар - Кичево, по мостот на реката Вардар, двете лица, од кои едниот Ф.Ш. од Албанија, побарале од 27-годишниот Ф.А. да ги однесе до селото Равен. Кога стигнале побарале од него да застане и да им свети со мобилниот телефон затоа што изгубиле клучеви. Откако излегле надвор, двете лица физички го нападнале Ф.А., удирајќи го со тупаници по главата, а во еден момент едно од лицата му ги фатило рацете на Ф.Ш., а другиот му одзел 100 евра, 2.800 денари и мобилен телефон, по што побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест